По поразот од Реал Мадрид на Камп Ноу, стотици фанови пред стадионот го пречекаа тренерот и бараа од него да замине. Но тој не се согласува со нивното гледиште за играта на Барселона.
„Не сум задоволен од резултатот, мислам дека тимот одигра добро во првото полувреме, имавме шанси да дојдеме во водство. Знаевме што не чека ако тие први дадат гол, тешко е да се игра против нивната дефанзива“, вели Куман.
„Не бевме баш добри во последните додавања и не создававме големи шанси, освен онаа на Дест“.
„Тоа беше изедначен меч. Тешко е да се прифати поразот. Тешко е кога ќе се загуби од Мадрид дома, но мораме да го прифатиме поразот. Во Класико губите повеќе од три бода. Тоа е разбирливо, но не можеме да се отажеме. Во среда се игра уште еден натпревар. Првенството е долго“.
Куман не ја прифаќа констатацијата дека Барселона била надиграна.
„Се трудевме да не бидеме инфериорни во однос на Реал. Наместо 0-1, да беше 1-0… натпреварот ќе беше друг. Ние сме се подобри и блиску до победи во големите натпревари. Дадовме се од себе и претерано е да се каже дека сме биле надиграни. Тимот заврши добра работа, без разлика на резултатот“.