Куман: Нe се сложувам со Сетиен, не е тешко да се работи со Меси

by
1 минути читање

Кике Сетиен претходно изјави дека му било тешко да работи со Меси, а каталонските медиуми открија и детали од нивните расправии.

Па на денешната прес конференција, Роналд Куман беше запрашан да каже што мисли околу тоа.

„Не ми е тешко да работам со Меси. Не се сложувам со Сетиен, но го почитувам неговото мислење. Ако така рекол, тогаш така било тоа за него“, вели Куман.

„Ми се допаѓа што сите во тимот ме слушаат и го напреднавме интензитетот на тренинзите“.

Утре Барселона го пречекува Динамо Киев во меч од Лигата на шампионите, медиумите во шпанија шпекулираат дека Меси нема да игра на овој меч, Куман сака да го одмори за следните предизвици.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани