266
Барселона се
обидува да го убеди Роналд Куман да се откаже од дел од оштета која му следува по
отказот. Како што пренесуваат медиумите, „каталонците“ му предложиле на Холанѓанецот
да му исплатат 7,5 милиони евра на две рати.
Сепак, стратегот смета
дека доволно се жртвувал кога минатата сезона се откажал од дел од платата па
си ги бара сите 12 милиони евра кои му следуваат.
И не само тоа, Роналд
Куман сака да наплати со камата, па бара да му бидат исплатени и бонусите од 2020/21
година.