Без разлика како ќе заврши сезоната за Барселона, постои можност Роналд Куман да добие отказ. Наводно замислата на Лапорта за неговиот проект е Јулијан Нагелсман да биде тренерот на тимот.
33-годишниот Нагелсман кој е тренер на Лајпциг, важи за еден од најпосакуваните тренери во моментов.
Спортскиот новинар Ману Карењо, вели дека можно е Куман и продолжи во зависност од околностите, но тој не е фаворит на Лапорта.
„Лапорта го почитува Куман многу, но тој не го донесе него. Можеби ќе продолжи, но Лапорта повеќе сака друг тренер, пред се Нагелсман“, вели Карењо за „Кадена СЕР“.
Лапорта и неговата десна рака, Матеу Алемани до крајот на сезоната треба да решат дали ќе продолжат со Куман или ќе го сменат. Веројатно тоа ќе зависи и од резултатите но можеби и од желбата на Меси.
Куман има договор со Барселона до јуни 2022 година.