Куман има корист од хаосот во Барселона

by
1 минути читање

Барселона има очаен настап во Примера оваа сезона, а во Лигата на шампионите синоќа доживеа тежок пораз откако загуби против Јувентус со 3-0. Навивачите не се задоволни од работата на Куман, во други услови тој веќе можеби и ќе беше сменет.

Но „АС“ пишува дека Куман има корист од хаосот во Барселона и фактот што клубот во моментов нема претседател, нема кој да донесе одлука за промена на тренерот.

Изборите ќе се одржат на почетокот на следната година, но речиси сите кандидати за претседател изјавија дека кој и да дојде од нив, Куман ќе остане тренер најмалку до 30 јуни. Нивната прва работа нема да биде отказ на тренерот.

Навивачите стравуваат не само дека Барселона нема да се бори за титулата во Примера, туку дали ќе заврши меѓу четирите најдобри и ќе се пласира во Лигата на шампионите.

По десет одиграни натпревари, Барселона има само 14 бодови, само четири победи, дури четири порази и две нерешени средби. Во моментов е на деветото место на табелата, но има клубови со одиграни повеќе мечеви од нив.

Во нормална ситуација веќе ќе му беа одбројувани деновите на Куман, мечот од идното коло против Леванте можеше да му биде пресуден, но Холанѓанецот има бенефит од случувањата во бордот на Барселона, па засега е безбеден без разлика на резултатите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×