Куман има една голема желба за засилување во Аталанта

by
1 минути читање

Барселона се
подготвува да тргне по потписот на 29 годишниот фудбалер од средниот ред на
Аталанта, Мартен де Рун, кој идното лето треба да биде слободен играч на
пазарот бидејќи неговиот договор со клубот истекува токму тој период.

Според пишувањата
на „Мундо Депортиво“, Роналд Куман го означил својот сонародник Холанѓанец како
голема желба за засилување во својот состав, а станува збор за исклучително „вреден
работник“ на теренот.

Де Рун импресионираше
во дресот на Аталанта во Серија А, но и во Лигата на шампионите, постигнувајќи
еден гол во десетте настапи во сите натпреварувања сезонава.

Во Барселона
имаат повеќе причини зошто го селектираат Де Рун на трансфер пазарот, а една од
повеќето е секако скромната плата на фудбалерот споредбено со останатите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×