75
Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман му соопшти на Рики Пуџ дека може да си бара нов клуб бидејќи нема да има простор за него во тимот.
Шпанскиот репрезентативец до 21 година кој играше и против Македонија во Скопје, денеска бил на состанок со клубот на кој се дискутирало за неговата иднина.
Неговиот татко Карлос Пуџ кој е и негов агент, се сретнал со раководството и било одлучено фудбалерот да остане во Барселона и покрај мислењето на Куман.
Тој ќе продолжи да тренира со првиот тим и да се бори за место во тимот.