Куман добил отказ во авионот, на Барса нема да и опрости ниту едно евро

by
1 минути читање

Подолго време се
пишуваше дека Роналд Куман ќе добие отказ, неговата иднина со месеци висеше во
воздух а Жоан Лапорта конечно повлече потег по поразот од Рајо во средата.

По крајот на
натпреварот, претседателот на Барса разговарал со своите соработници и во
авионот, на летот од Мадрид кон Барселона, го известил Роналд Куман дека ќе
прекине соработката.

Весникот Спорт
пренесува дека Холанѓанецот бил тажен и разочаран, сметал дека Жоан Лапорта
требал да покаже подобри манири и вестите да ги соопшти утрото, за тој да може
да се поздрави со сите играчи и вработените во тренинг центарот.

Новинарот Луис Канут,
кој е добар пријател на Роналд Куман, открива дека од стратегот било побарано
да се откаже од дел од компензацијата која му следува. Но поради сето она што
се случуваше изминатиов период, и третманот на клубот кон него, Холанѓанеот
нема намера да се откаже од ниту едно евро и ќе ги бара сите 12 милиони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани