Во денови кога има
многу шпекулации за иднината на Роналд Куман, објавени се детали од случувањата
на Камп Ноу пред неколку месеци. Жоан Лапорта го известил стратегот дека е во
потрага на нов тренер и дека тој ќе остане само доколку не биде најден соодветен
кандидат за кормилото на „каталонците“.
„Лапорта рече дека
ќе му требаат две или три недели за да најде нов кандидат, и доколку не најде,
Роналд ќе продолжи на клупата“ – објаснува агентот на Холанѓанецот, Роб Јансен
во документарецот „Форса Куман“.
Стратегот потоа ја
раскажа неговата верзија на настаните: „Секогаш добро се сложувавме и одеднаш
претседателот ми вели, „Имам сомнежи. Потребно ми е време, ќе разгледам и некои
други опции за тренер“. Претседателот е тој што е главен и лицето кое носи
одлуки. Му кажав веднаш да ми каже дека не сум доволно добар да го предводам
тимот, да ме избрка и да ставиме крај на приказната, наместо да ме остава во
неизвесност и да ми вели дека ќе разгледува други опции“.
Роб Јансен
додава: „Тоа беше лудост, одлуката се базираше само на чувствата на Лапорта.
Лудост… Потоа не разговарав со Лапорта, за среќа луѓето околу него придонесоа
Куман да остане. На крајот претседателот се појави пред медиумите, кажа дека ќе
продолжат заедно, дека се пријатели…. ова е лицемерството во спортот на највисоко
ниво“.