Куман би можел да добие засилување од Арсенал

by
1 минути читање

Барселона е на мисла
за да тргне по десниот бек на Арсенал, Ектор Бељерин, а во него Каталонците
гледаат идеална замена за Емерсон Ројал кој е пред трансфер во Тотнем.

Заминувањето на
Емерсон остава малку опции за тренерот Роналд Куман на таа позиција, со тоа што Сержињо
Дест и Оскар Мингез се обајцата кои ќе треба да го заменат Серхи Роберто, кој е
прекомандуван во средниот ред.

Сепак, Мингез ќе
мора да пополни дупка во централниот дел од дефанзивната линија на Каталонците,
што значи дека Дест ќе остане главниот избор на десната бековска позиција во
моментов.

Се верува дека
Бељерин посакува да си замине од Арсенал во самата завршница на летниот преоден
рок, а тој наводно им ставил јасно дознаење на тренерот Микел Артета, но и
техничкиот директор Еду дека сака да си замине од клубот ова лето, а бил и
фрустриран поради тоа што клубот не му ја исполнува таа желба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×