Јувентус го задржа
100% учинок во Лигата на шампиони, вечерва „старата дама“ стигна до победа од
0-1 на гостувањето во Русија кај Зенит. Стрелец на единствениот погодок беше
Дејан Кулушевски, Швеѓанецот кој има потекло од Македонија, одлично се снајде
во 86. минута и со глава ја затресе мрежата на домаќините за огромна радост.
На вториот
натпревар од групата, Челси со убедливи 4-0 славеше над Малме. Кристенсен го
отвори резултатот во 9. минута а Жоржињо од пенал зголеми на 2-0. На стартот од
вториот дел, Хаверц реализираше за 3-0, за Жоржињо во 87. минута по втор пат да
погоди од белата точка за 4-0.
Победата на
„сините“ остана во сенка на повредите на Лукаку и Вернер, кои го напуштија
теренот во првото полувреме.
Триумф од 0-4
забележа и Баерн Минхен на гостувањето кај Бенфика. Домаќините парираа до
последните 20 минути, но потоа целосно се распаднаа. Сане прекрасно погоди од
слободен удар за 0-1, Евертон си постигна автгол за 0-2, Левандовски зголеми на
0-3 а Сане во 85. минута го постави конечниот резултат.