Се верува дека
Фиорентина е подготвена да го продаде Душан Влаховиќ уште во јануарскиот
преоден рок, и тоа за обештетување во висина од околу 60 милиони евра, а
Јувентус посакува да го вметне Дејан Кулушевски во пакетот понуда за српскиот
напаѓач.
Влаховиќ веќе ги
одби „Виолетовите“ за нов договор со кој ќе имаше годишна плата од 4 милиони
евра, па со оглед на фактот што неговиот договор истекува во 2023 година,
клубот од Фиренца би можел да ја продаде својата ѕвезда уште во јануари.
Иако се
шпекулираше дека Фиорентина ќе бара 75 милиони евра, сепак „Калчомеркато“
извести дека клубот е подготвен да прифати и понуда во висина од 60 милиони
евра, но и бонуси кои ќе зависат од перформансите на фудбалерот.
Освен Јувентус,
како заинтересирани клубови за Влаховиќ се споменуваат уште Тотнем, Атлетико
Мадрид, како и Манчестер Сити.