Новото засилување
за Тотнем, Дејан Кулушевски вели дека научил многу од настапите во Италија каде
го носеше дресот на Аталанта, Парма и Јувентус, а признава дека за неговата
преселба во Северен Лондон најзаслужен е Антонио Конте.
„Среќен сум што
сум тука, најважното е да сте среќни кога играте на теренот“ рече Кулушевси во
првото интервју по потписот за „Спарси“.
„Едвај чекам да
почнам со работа со тренерот, добро го познавам од Интер, тој е победник, а
токму тоа сакам да бидам и јас“ додаде шведскиот репрезентативец.
„Научив многу во
Италија, играв со некои од најдобрите фудбалери на светот, за мене тоа беше
одлично искуство, но Премиерлигата е најдобрата во светот, првенство кое ние во
Шведска постојано го следиме“ заклучи Кулушевски.