Фудбалерот на
Јувентус, Дејан Кулушевски е разочаран од првата сезона во клубот по неговиот
трансфер од Аталанта ланското лето за сума од 44 милиони евра, ова доаѓа по
можноста „Старата дама“ да потфрли во битката за одбрана на деветтата титула во
низа во Серија А.
„Ова е
разочарувачка сезона, мораме секоја сезона да ја започнуваме со првичната цел,
а тоа е освојување на титулата“ рече Кулушевски кој пред да почне да настапува
за сениорите на Шведска, ги бранеше боите на Македонија во младинските категории,
а беше запрашан и за шпекулациите кои го поврзуваат Кристијано Роналдо за
враќање во Реал Мадрид.
„Ние во моментов
не можеме да се фокусираме на тоа прашање, ќе видиме што ќе се случи“ додаде
тој, а потоа се осврна и на фактот што носењето на дресот на италијанскиот првак е голем предизвик во кариерата.
„Не беше лесно да
се приклучам на Јувентус на свои 20 години, сега се’ зависи од мене, нема дилеми во тоа дека помалку се
помачив во овој дрес, меѓутоа се подобрувам, јасно ми е дека е потребен период“
заклучи Кулушевски кој на 25 меча успеа да постигне три погодоци, но и една
асистенција во дресот на „Старата дама“.