Кукуреља по тетоважата со ликот на Де Ла Фуенте сега драстично го промени имиџот (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Марк Кукуреља повторно го привлече вниманието на јавноста, но овојпат не со своите настапи на теренот, туку со промената на имиџот. Новиот лев бек на Реал Мадрид и шпански репрезентативец реши да го промени препознатливиот изглед и наместо долгата густа коса, по која сите го знаеја, сега ќе носи плетенки.

Кукуреља неодамна предизвика големо внимание и со тетоважата на ликот на селекторот Луис де ла Фуенте, а сега повторно е во центарот на вниманието со својот нов стил.

Претходно, фудбалерот откри дека намерно не ја крател косата бидејќи тоа му помага на неговиот син, кој има аутизам, полесно да го препознае за време на натпреварите.

„Имам син со аутизам. Повеќе би сакал да немам ниту едно евро, само мојот син да биде здрав. Ја оставам косата затоа што нему му се допаѓа, но и затоа што може полесно да ме препознае ако за момент ме изгуби од вид на теренот“, изјави Кукуреља.

Да потсетиме, Кукуреља неодамна стави потпис на шестгодишен договор со Реал Мадрид, откако пристигна од Челси во трансфер вреден 55 милиони евра, а сумата може да се зголеми за уште пет милиони евра преку предвидени бонуси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×