„Кралевите“ утрово го потврдија трансферот на Марк Кукуреља, но левиот бек нема да биде единственото засилување на Реал од Челси ова лето, на листата со желби се наоѓа и Енцо Фернандез.
Флорентино Перез забрзано работи на тимот за новата сезона и веќе му обезбеди четири нови играчи на Жозе Мурињо.
Денеска беше потврден трансферот на Марк Кукуреља од Челси, за кого Реал Мадрид ќе плати околу 60 милиони евра.
Но лесно може да се случи „кралевите“ ова лето да донесат уште едно засилување од „Стемфорд Бриџ“.
Како што пренесува новинарот Бен Џејкобс, Енцо Фернанез е заинтересиран за преселба во Реал Мадрид и не крие дека сака да го напушти Челси, многу внимание привлече со својот „лајк“ на објавата дека Марк Кукуреља се сели на „Бернабеу“.
„Сините“ не исклучуваат продажба доколку пристигне вистинска понуда, се шпекулира дека поставиле цена од околу 120 милиони фунти, нешто над 140 милиони евра.
„Кралевите“ внимателно ја анализираат ситуацијата и се уште одлучуваат каков проил на играч сакаат да донесат во средниот ред, покрај Енцо Фернандез, како можни опции се спомнуваат и Матеуш Фернандеш и Родри.