Крос тера мајтап: Сопругата беше толку педантна, дезинфицираше се… и кажав ти прва ќе се заразиш

by
1 минути читање

Тони Крос го пропушти финишот од сезоната на Реал Мадрид, прво беше во изолација а потоа испадна и позитивен на ковид-19. Фудбалерот од средниот ред сепак се надева дека ќе се опорави на време за собирот на репрезентацијата на Германија, вели дека се чувствува подобро.

„Се чувствувам слабо, тоа не е убаво чувство, чудно е, ново. Не би му препорачал на никого, подобро да не се заразите“ – вели Германецот.

„Сега сум малку подобар, температурата почна да паѓа. Доколку се оди според планот, ќе му се придружам на националниот тим во договорениот термин, иако можеби да пристигнам неколку дена подоцона. Но сигурно ќе бидам подготвен“.

За тоа како се заразил, тој додава: „Иако бевме претпазливи, лице кое работи во нашиот дом се зарази“.

„Интересно, уште претходно и кажав на мојата сопруга дека прва ќе се зарази бидејќи е многу педантна, дезинфицираше се по дома. И токму тоа се случи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×