Фудбалерот од
средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос говорејќи во пресрет на утревечерната
пресметка против Барселона во реваншот од полуфиналето од Копа дел Реј,
говореше и за поранешниот тренер на Кралевите, Хулен Лопетеги, кој доби отказ
поради лошите резултати.
Германскиот
интернационалец упати пофалби за Лопетеги, потенцирајќи дека направил голема
работа во клубот, но, додаде дека едноставно немал среќа.
„Стартот на
сезоната беше исклучително тежок, во истиот период минатите сезони бевме многу
успешни, но, многу фудбалери играа на Светското првенство и се приклучија доцна
во тимот, а Лопетеги немаше среќа“ рече Германецот во интервјуто за
официјалниот сајт на ЛаЛига Сантандер.
„Тој направи
голема работа но едноставно немаше среќа, доколку немате резултати, тоа не е
добро за клубот, сега сме подобрени во текот на изминатиов период и имаме
можност да се бориме за титулите, тоа е добар знак“ додаде фудбалерот од
средниот ред на Кралевите.