Крос го посочи неговиот наследник во Реал: Подготвен си да превземеш контрола!

by bojan
2 минути читање

Тони Крос смета дека Џуд Белингам треба да биде неговиот наследник и му порача на Англичанецот дека е подготвен да превземе контрола на играта на Реал Мадрид.

Тони Крос синоќа соопшти дека оваа сезона е последна во неговата кариера, фудбалерот од средниот ред оди во пензија по Европското првенство.

Па од сите страни пристигнуваат пораки, а Германецот најде време да одговори на речиси сите.

Токму во една од нив, Тони Крос порача дека Џуд Белингам е неговиот наследник, и е подготвен да превземе контрола на играта на Реал Мадрид.

„Една година не беше доволно. Ти благодарам за се што му понуди на фудбалот, ми беше апсолутно задоволство да уживам во твојата игра и во твојот карактер како навивач и сега соиграч. Имаме уште работа оваа сезона, но ти посакувам се најдобро и на теба и на твоето семејство. ЛЕГЕНДА“ – напиша Џуд Белингам во својата порака.

На ова, Тони Крос одговори: „Ти благодарам пријателе. Немаше да биде фер уште многу години заедно. Уживав во секоја минута откако ни се придружи. И повеќе од подготвен си да превземеш контроа! И тоа на само 20 години…“

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани