Кризата на Фиорентина продолжи, Торино со луди шест минути извлече бод со Пиза! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фиорентина продолжува со лошите резултати во Серија А и во 10-тото коло доживеа нов удар пред своите навивачи, Лече замина од Фиренца со цел плен, славејќи со 1-0.

„Виолетовите“ ја започнаа сезоната во очајна форма и со само четири освоени бода остануваат НА претпоследната позиција на табелата, сè уште без ниту една победа. Единствениот гол на натпреварот падна во 23-тата минута, кога Бериша погоди е и му донесе голема радост на својот тим.

Во вториот натпревар од истиот термин, меѓу Торино и Пиза ремизираа 2-2. Гостите поведоа со 2-0, но Торино успеа да се врати во игра за само шест минути. Симеоне и Адамс беа стрелците за домашните, кои останаа и со играч помалку по исклучувањето на Адамс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×