Навивачите на Арсенал се најдоа на мета на критики поради кореографијата што ја подготвија за полуфиналниот дуел во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен. Иако ова беше историска прилика за „топџиите“, нивната поддршка од трибините не го исполни очекуваното.
На трибините беше истакнато само едно големо знаме со топ кој е симбол на клубот, што за многумина беше разочарување. Публиката очекуваше дека тоа е само вовед во поголема кореографија или посилна порака, но тоа не се случи.
Arsenal's 1st UCL semi final in 16 years and this is their Tifo 😭 pic.twitter.com/7yTHPBtgYe
— Troll Football Media (@Troll__Footbal) April 29, 2025
Ваквиот настап на навивачите изненади многумина, особено ако се земе предвид дека Арсенал првпат по 15 години игра полуфинале во елитното европско натпреварување – последен пат тоа им успеа во сезоната 2008/09. Згора на тоа, клубот сонува за прво финале уште од 2005/06, кога загуби од Барселона.
На теренот, „топџиите“ не успеаја да ги израдуваат фановите и загубија со 0:1 од ПСЖ, па сега во Париз ќе мора да „бркаат“ резултат доколку сакаат да стигнат до своето второ финале во историјата.
Фото: Arsenal FC