Неколку извори од Саудиска Арабија пренесуваат дека Ал Наср размислува за промоција на Кристијано Роналдо Јуниор во првиот тим, со што би се отворила вратата за настап на татко и син.
Кристијано Роналдо во дресот на Ал Наср ја брка магичната граница од 1.000 погодоци во кариерата, но Португалецот може и дополнително да ја зацврсти својата легенда.
Неколку извори од Саудиска Арабија пренесуваат дека Ал Наср размислува за интегрирање на Кристијано Роналдо Јуниор во првиот тим.
На крајот од сезоната, клубот ќе го процени нивото на младото момче и ќе одлучи дали тој има потенцијал и квалитет за настап на највисоко ниво.
Со ова ќе се отвори вратата за Кристијано Роналдо да заигра покрај свој син, потег кој би бил огромен и од спортски и од маркетиншки аспект.
Токму вакво нешто се случи оваа сезона во НБА, кога Леброн Џејмс заигра покрај својот син Брони Џејмс.