184
Фудбалерите на Ал Наср направија голем чекор кон титулата во Саудиска Арабија откако во дербито славеа со 2-0 против Ал Ахли.
Херој на тимот повторно беше Кристијано Роналдо, кој го продолжи својот неверојатен голгетерски ритам и уште еднаш покажа дека и понатаму е клучна фигура за својот тим.
Португалецот го отвори резултатот во 76. минута, кога одлично реагираше по центаршут од корнер на својот сонародник Жоао Феликс. Роналдо со прецизен удар со глава од прва статива ја затресе мрежата на противникот и го донесе водството за Ал Наср.
Овој погодок беше негов 970. во кариерата, што значи дека магичната граница од 1.000 голови е сѐ поблиску.