Кристал Палас „наплати“ за поразот на Челси од ВБА, „Сините“ одново на четвртото место (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Челси се
рехабилитираше од поразот од ВБА на домашен терен со 2-5 во минатото коло
откако денеска во рамките на 31 коло од Премиерлигата обезбеди убедлива победа
на гости кај Кристал Палас со 1-4.

Хаверц и Пулишиќ
имаа блескава партија денеска, откако Хаверц (голот-ТУКА) во 8 минута погоди за почетно
водство за „Сините“ од Лондон, кои преку Пулишиќ (голот-ТУКА) само две минути подоцна ја
дуплираа предноста на 0-2, а асистент во оваа ситуација беше Хаверц.

Челси замина со
водство од 0-3 на паузата откако Зума (голот-ТУКА) во 30 минута навести убедлива победа на
фаворитот, која за момент се стави под неизвесност со голот на Бентеке (голот-ТУКА) за 1-3
во 63 минута, меѓутоа Пулишиќ (голот-ТУКА) со својот втор гол на мечот, овој пат во 78
минута ги постави конечните 1-4.

Со оваа победа
составот на Томас Тухел повторно се врати на четвртото место на табелата со 54
бода, два повеќе од Ливерпул кој по победата над Астон Вила за момент ја
презеде таа позиција, која утре со евентуална победа над Лестер дома, Вест Хем
може повторно да ја презеде. Не е далеку ниту Лестер кој со 56 бода се наоѓа на третото место на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани