Кристал Палас испиша клупска историја – прв европски пехар! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Кристал Палас со 1-0 го совлада Рајо Ваљекано во финалето од Конференциската лига и за првпат во својата историја освои европски пехар.

Уште една успешна сезона за Кристал Палас која овојпат беше крунисана со трофејот во Конференциската лига.

Херој во победата беше Матета кој рефлексно реагираше во 51. минута и ја смести топката во мрежата на Рајо за водство на Палас од 1-0, што на крајот беше и конечен резултат.

Брзо по погодокот следуваа жестоки напади на Кристал Палас, во една акција дури трипати ја погодија стативата. Рајо остана во игра до крајот на мечот, но немаше посериозни шанси за гол.

Лига Европа освои Астон Вила, Конференциската лига е за Кристал Палас, а Арсенал има шанса да ја комплетира англиската доминација во Европа во сабота кога го игра финалето од Лигата на шампионите против ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×