Поранешниот
аргентински напаѓач Ернан Креспо постигна 153 погодоци на 340 меча во Серија А,
каде ја мина речиси сета своја кариера, а тој не ги крие причините за тоа зошто
не потпишал договор со Реал Мадрид, за што имал можност.
„Играв за Лацио
во 2002 година, а бев во преговори со Реал Мадрид, но и Интер тој период“ вели
Креспо.
„Сепак,
ситуацијата на Роналдо решаваше по ова прашање, доколку тој останеше во Интер,
јас ќе се преселев во Реал Мадрид, а на крајот тој се одлучи да направи
трансфер во Реал Мадрид, па така јас потпишав за Интер“ додаде Аргентинецот, а
Реал Мадрид шест месеци потоа имал нови обиди да го ангажира.
„Имав уште шест
месеци од договорот, а Интер и Реал Мадрид ме побараа во јануари, можев да им
се приклучам, но сепак одлучив да останам за да го освојам Скудетото“ подвлече
Креспо.