На мечот против Мамелоди Сандаунс, фудбалерите на Борусија Дортмунд имаа двојна битка една на теренот, другата со климата во Синсинати. Температурата на теренот се искачи над 30 степени целзиусови, а жешкото сонце беше неподносливо и за оние што не беа во акција.
Во првото полувреме резервистите на германскиот клуб одбија да седат на клупата покрај аут линијата и наместо тоа, натпреварот го следеа на телевизор од соблекувалната. Причината е едноставна – климата таму работи одлично, а гледката е иста.
Во вториот дел мораа да излезат, бидејќи некои добија шанса да играат, а остатокот се обиде да најде барем малку сенка под чадори. Играчите на Дортмунд дури и побараа пауза за освежување во секое полувреме, што беше прифатено од делегатите.
Фудбалот на Светското клупско првенство станува се’ поинтересен не само поради резултатите, туку и поради начинот на кој тимовите се справуваат со неочекуваните услови. Овојпат, Борусија доби поени за креативност ако веќе не и за атрактивна игра.