137
Виктор Валдес ја напушта клупата на Реал Авила по само четири одиграни натпревари! Поранешниот голман на Барселона неодамна го презеде кормилото на шпанскиот нисколигаш, но кратко траеше неговата авантура.
Иако имаше важечки договор до крајот на 2025 година, од клубот потврдија дека Валдес донел одлука да не остане за следната сезона. Под негово водство, Реал Авила одигра четири меча – два во регуларниот дел и два во плејофот – при што запиша две победи и два порази.
Не е познато што го натера Валдес на ваков чекор, но јасно е дека проектот не ја доби неговата доверба на подолг рок.
Фото: Real Ávila CF