Во последните неколку недели, шпанските медиуми често шпекулираа за иднината на Родриго (24) во Реал Мадрид. Се тврдеше дека Бразилецот размислува да го напушти клубот поради незадоволство од својата улога во тимот, а според некои информации, единствен начин да остане би бил личен разговор и убедување од идниот тренер, Чаби Алонсо.
Родриго беше клучен дел од тимот во изминатите сезони и имаше значаен придонес во освојувањето на трофеи и постигнувајќи голови во клучни натпревари. Но, со пристигнувањето на Килијан Мбапе, неговата улога кај Карло Анчелоти значително се намали, а заедно со тоа и бројот на одиграни минути на теренот. Тоа отвори простор за шпекулации дека Бразилецот е незадоволен и смета дека заслужува повеќе.
Сепак, самиот Родриго сега се огласи на социјалните мрежи објавувајќи фотографии од тренингот на Реал Мадрид со кратка проака:. „Feliz“ (среќен), придружена со неколку емотикони.
FELIZ 😄🤍⚽️ pic.twitter.com/n8QbYhveSs
— Rodrygo Goes (@RodrygoGoes) June 10, 2025
Фото: Rodrygo Goes/X