Крај на една ера: Лука Модриќ официјално си оди од Реал!

by 24 фудбал
1 минути читање

Се чини дека дојде крајот на една ера – Лука Модриќ го одигрува својот последен танц во дресот на Реал Мадрид. Искусниот хрватски маестро нема да добие нов договор од „кралскиот клуб“, а по 13 години верна служба, ќе им се поклони на навивачите за последен пат.

Модриќ ќе се збогува со „Бернабеу“ по дуелот со Реал Сосиедад во последното коло од Примера, а потоа ќе замине со тимот на пат кон САД, каде Реал ќе се бори за титулата на Светското клупско првенство – последна станица во неговата мадридска приказна.

За повеќе од една деценија, Лука одигра неверојатни 590 натпревари за Реал Мадрид и постигна 30 гола. Освои сè што може да се освои – од Ла Лига, преку Купот на кралот, па сè до најсјајното од сите трофеи – Лигата на шампионите, која ја подигна дури шест пати.

Во моментов не е јасно дали Модриќ ќе продолжи со фудбалска кариера или ќе стави крај. Има интерес од неколку клубови, но не се исклучува и опцијата за повлекување од фудбалот. Легенда заминува, но спомените и трофеите остануваат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани