Ковид-19 го крои тимот на Милан за мечот со Болоња

by
1 минути читање

Тео Ернандез се зарази со коронавирус за време на репрезентативната пауза. Тој беше тестиран за позитивен на 13. октомври.

Брахим Диаз доби позитивен тест за ковид-19 на 15. октомври.

Последните информации велат дека двајцата фудбалери на Милан имале нови тестирања кои покажале дека се уште се позитивни.

Поради таквата ситуација Пиоли нема да може да смета на нив за амечот со Болоња кој се игра во сабота.

Се верува дека двајцата фудбалери се вакцинирани со две дози, но вакцините спречуваат посериозна варијанта на болеста, но не и заразување.

Добрата вест за Милан е тоа што Анте Ребиќ се враќа. Тој на мечот со Верона го свитка зглобот поради што гог пропушти дуелот со Порто од Лигата на шампионите, но ќе биде спремен за Болоња.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани