Кошмарен крај на големата кариера: Пепе Реина доби црвен картон на последниот натпревар! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Легендарниот шпански голман Пепе Реина заработи црвен картон на својот последен официјален натпревар во кариерата.

42-годишниот Шпанец доби шанса меѓу стативите на Комо во дуелот од последното коло против Интер во Серија А. Сепак, во финишот на првиот дел Реина беше доста невнимателен, истрча да скрати топка и доцнеше, па го сопна Мехди Тареми. Судиите по долга проверка му покажаа црвен картон.

Ова значи дека големата кариера заврши неславно. Реина во својата кариера освои 11 трофеи, бранеше на 987 натпревари, трипати беше најдобар голман во Премиер лигата, а круна на кариерата му е мундијалското злато со Шпанија од 2010 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани