Коронавирус во Тотнем

by
1 минути читање

Од Тотнем
потврдија дека имаат еден позитивен случај на коронавирус по најновата рунда
тестирања во Премиерлигата, која е предвидено да продолжи со актуелната сезона
на 17. јуни.

Според
предвидениот протокол, неименуваната особа која е позитивна на тестирањето сега
и претстои самоизолација во траење од седум денови.

Поради
протоколот кој мора да го почитуваме, името на индивидуата нема да го
споменуваме
“ стои во соопштението на клубот од Лондон.

Ова е
единствениот позитивен случај на коронавирус во најновата рунда тестирање за
Ковид-19 откако тестирани беа 1,197 фудбалски и нефудбалски персонал во
Премиерлигата.

Предвидени се пет
рунди тестирања за коронавирусот, а генералната бројка позитивни резултати од
тестирањата сега изнесува 13 од вкупно 5,079 тестови досега.

Фудбалскиот и нефудбалски
персонал во Премиерлигата се тестира два пати во една седмица.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×