„Корона забава“ на четворица ѕвезди на Лестер, младите девојки морале да ги остават телефоните

by
2 минути читање

Лестер е во
проблеми, особено шефот на стручниот штаб на овој тим Брендон Роџерс, кому
сигурно најнепријатно му дојде веста за големата непрофесионалност на своите
четворица фудбалери кои присуствувале на забава на која имало 18 гости.

Роџерс дознал
дека Џејмс Медисон, Харви Барнс, Хамза Чудури го прекршиле протоколот за
заштита од ковид-19 со тоа што присуствувале на забава кај нивниот соиграч
Ајозе Перез, во домот со вредност од 1.3 милион фунти.

„Сан“ наведува
дека Роџерс веднаш реагирал кон нив да ја напуштат забавата, меѓутоа наместо да
го послушаат својот тренер, четворицата фудбалери одлучиле да им кажат на
гостите на забавата да се сокријат пред да ги исклучат светлата за да се добие
слика дека таму нема никој.

Медисон, Перез и
Чудури не беа во составот на Лестер во вчерашниот пораз кај Вест Хем со 3-2, а
Барнс отсуствуваше поради повреда, но и повеќе од јасно е дека и за него немаше
да има место во тимот како „воспитна“ мерка од страна на Роџерс.

Медиумите на
Островот додаваат дека полицијата била на проверка во домот на Перез во 12,20
часот по полноќ, меѓутоа не презела никакви дејствија поради тоа што увиделе
дека нема никој присутен, односно светлата биле угасени, а немало никакви
сомнителни активности.

Меѓутоа, сведоци
за настанот говорат дека веднаш откако полицијата си заминала, гостите само
половина час подоцна почнале да си заминуваат со неколку такси, а се упатиле
кон домот на Чудури во Нотингем, на 30 километри од домот на Перез, каде
продолжила забавата.

Сево ова се
случувало минатиот викенд, а разочараниот Роџерс јасно навел дека четворицата
фудбалери покажале непочитување кон Британците во текот на тамошниот „локдаун“.

Сите се
забавуваа, се чувствуваа среќно, одеднаш фудбалерите се погледнаа меѓу себе и
си порачаа еден на друг да ги погледнат телефоните
“ вели извор за „Сан“.

Тие добија
пораки од Роџерс, тој им напишал дека добро знае каде се и што прават во тој
момент, а истовремено им порачал да ја сопрат забавата веднаш, потоа
фудбалерите им рекоа на сите да се сокријат и да ги исклучат светлата за да
изгледа како никој да нема во тој дом
“ додава тој во својата изјава.

Соседите на Перез
тврдат дека забележале луксузни и богати спортски автомобили паркирани ма
улицата кај домот на Шпанецот, а забавата наводно почнала од девет часот
навечер, а гостите, претежно млади девојки за да учествуваат на забавата
најпрво морале да ги стават своите мобилни телефони во затворени торби за да се
спречи било-какво фотографирање одвнатре.

Бурни реакции во јавноста следат по овој скандал, а многумина бараат казни за фудбалерите, од повеќето казни кои ги наведоа, многубројни се таквите кои бараат да им се одземат платите на неколку седмици, и истите да се донираат за ковид случаи, а има и такви кои бараат фудбалерите да бидат ангажирани во ковид-центрите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×