Во 2015 година, Кореа замина од Естудиантес во Сампдорија, но трансферот беше 50-50 со Манчестер Сити. Половина од неговата сопственост ја имаше и англискиот клуб. Но на крајот од сезоната Сампдорија го откупи во целост.
Кореа бил среќен што завршил во Сампдорија, а не во Манчестер Сити.
„Сампдорија потпиша со мене и бев среќен бидејќи не сакав да одам во Манчестер Сити и да седам на клупата, требаше да не играм“, открива Кореа за „Кориере дело Спорт“.
Од Сампдорија тој замина во Севиља, па се врати во Италија каде играше за Лацио, а од летото Инзаги си го зема во Интер.
„Имав и други опции, но сакав да продолжам да работам со Инзаги. Тој е одличен тренер кој прави да се чувствувате добро. Во лацио изгради тим каде секој даваше се од себе. Тој е амбициозен тренер, перфектен за Интер“.
Кореа за Интер досега одигра 15 натпревари и постигна четири гола.