272
Копачките со кои
Лионел Меси го постигна 644 гол во кариерата за Барселона, а со тоа го надмина
рекордот на сите времиња кој претходно беше поставен од Пеле во дресот на
Сантош, се продадени на аукција за 173,000 долари, а парите ќе одат во донација
за болница во Барселона
Првата ѕвезда на
Каталонците го надмина рекордот на Пеле откако погоди во победата над Ваљадолид
со 3-0 лани во декември, со што го сруши рекордот на Пеле кој во дресот на
Сантош запиша 643 погодоци.
Сумата за која се
продадени копачките е воедно и светски рекорд за продадени копачки на аукција
досега.