Манчестер
јунајтед денеска требаше да одигра контролен натпревар со Стоук, фудбалерите на
двата табора со своите автомобили почнаа да пристигнуваат во тренинг центарот
во Карингтон, но во последен момент мечот беше откажан.
Во двата табора
владееше молк, а ниту медиумите имаа објаснување. Сепак, доцна вечерва неколку
извори открија што било причината.
Еден играч на
Стоук бил позитивен на коронавирус, па чим пристигнала информацијата од ЕФЛ, гостинските
фудбалери си заминале дома.
За „ѓаволите“ е
добро тоа што Оле Гунар Солшер, неговиот персонал и фудбалерите не биле во
контакт со играчите и официјалните лица на Стоук, па нема да стравуваат од
можноста заразата да биде пренесена во нивните редови.