Конте заминува од Наполи, Де Лаурентис веќе преговара со друг тренер

by riste
0 минути читање

Исто како и во случајот со Спалети, Наполи го менува тренерот по освоено Скудето, Антонио Конте ќе замине од клубот.

Поради лошиот однос кој го има со Де Лаурентис, Конте одлучил да не продолжи во Наполи, се очекува тој да се врати во Јувентус.

Новинарот Џанлука Ди Марцио тврди дека сега претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис сака да го ангажира Масимо Алегри.

Тој сака да го ангажира што е можно побрзо бидејќи Алегри се поврзува и со Милан, а може во комбинација да се уклучи и Интер доколку Инзаги замине за Саудиска Арабија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани