Конте забранува пица, а Раниери со пица ги мотивира фудбалерите

by
1 минути читање

Новиот тренер на
Тотнем, Антонио Конте веројатно не е задоволен од тоа колку се физички
подготвени неговите фудбалери, а повеќе од веројатно е дека Италијанецот вината
за тоа ја гледа во лошиот режим на исхрана, па воведе строги критериуми по тоа
прашање.

Конте им забранил
на фудбалерите кечап, мајонез, сосови, но и пица, а сево ова потсети на
неговите првични одлуки откако го презеде кормилото на Челси претходно, па го
повтори и во Тотнем.

Пишувајќи на оваа
тема, „Атлетик“ наведе дека трансформацијата на Ромелу Лукаку во Интер токму
под кормилото на Конте е доказ дека методите на работа на Италијанецот
функционираат.

Тоа што е
интересно, а за што пишуваат и во Италија е фактот што сонародникот на Конте, Клаудио
Раниери како тренер на Ватфорд на своите фудбалери им ветува пица за секој
освоен клин шит, односно меч без примен гол во сопствената мрежа.

Таквата пракса
Раниери почна да ја практикува уште во периодот кога беше на чело на кормилото
на Лестер, а причината беше идентична, поради клин шит, па така тој остана на
својата методологија на работа, но не и Конте.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×