Томас Тухел го
исфрли Ромелу Лукаку од тимот за дуелот со Ливерпул како казна за вниманието кое
го привлече со интервјуто за Скај Италија во кое изрази незадоволство од својата
ситуација на Стемфорд Бриџ.
Веднаш се појавија
гласини дека напаѓачот може да направи шокантен трансфер во Тотнем и одново да
соработува со Антонио Конте.
Па на денешната
прес конференција во пресрет на дуелот помеѓу Челси и Тотнем во Лига Купот,
Италијанецот беше запрашан за хаосот кој се случи во редовите на „сините“.
„Лукаку е играч
на друг тим, па ќе покажам непочитување кон него и кон Челси доколку говорам на
оваа тема. Лично за мене, поубаво е кога играм против тим кој на располагање ги има
сите играчи, а и за оние кои ќе го гледаат натпреварот, подобро е големите шампиони
да бидат на теренот“ – вели Антонио Конте, кој се враќа на Стемфорд Бриџ, каде
беше тренер од 2016 до 2018 година.
„Емоциите ќе
бидат големи“ – продолжи Италијанецот. „Прв пат се враќам на Стемфорд Бриџ
откако го напуштив Челси. Заедно завршивме одлична работа и морам да му се
заблагодарам на клубот што ми даде шанса за прво искуство во Англија“.