Интер оваа сезона ја прекина доминацијата на Јувентус и го освои Скудетото. Тие освоија 91 бод, 12 повеќе од второпласираниот Милан.
„Дефинитивно ова е посебно достигнување за мене бидејќи не беше лесно. Си направив притисок на мене кога дојдов во Интер, бидејќи дојдов во тим кој не освоил исто како и другите, девет години сите го гледаа само Јуве“, вели Конте.
„Работевме и направивме нешто прекркасно и неверојатно. Јасно е дека не беше лесно“.
„Освојувајаќи го Скудетото со Интер, остварувајќи ја оваа цел, ми дава големо задоволство. Ме тера да сфатам дека сериозноста, работата и пожртвуваноста се единственото оружје кое го имам“.
„Сите бевме многу многу добри, јас, фудбалерите, клубот“.
Запрашан на кој би го посветил ова Скудето, Конте рече: „Си го посветувам на себе. Бидејќи знам дека патот до него во изминатите две години не беше лесен“.
„Имаше периоди кога се сомневав во работите, се сомневав во себе, но бевме доволно силни да ја поминеме секоја пречка“.