Конте: Скудетото е 95% освоено

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на лидерот во Серија А, Интер, Антонио Конте верува дека „Нероаѕурите“
веќе завршиле 95% од својата мисија во обидот да го освојат Скудетото оваа
сезона.

Со минималната
победа над Верона на домашен терен од 1-0 денеска, Интер дојде до 13 бода
предност од второпласираниот Милан на пет кола до крајот, меѓутоа градскиот
ривал утревечер гостува кај Лацио, односно во моментов е со меч помалку.

Лесно е да се
објасни оваа ситуација, во оваа трка по Скудетото, ние веќе завршивме 95% од
мисијата
“ рече Конте по денешниот триумф на неговите избраници.

Ова е доста
интересна трка по титулата, но се уште не сме завршиле со мисијата, се уште не
сме ја освоиле титулата, но победата денеска беше од големо значење за нас

додаде тој.

Доколку успееме
во намерата да ја освоиме титулата, истовремено ќе успееме и да вметнеме
победнички менталитет кај фудбалерите, ние сме конзистентни по однос на
бодовите, понекогаш страдаме во обидот да дојдеме до нив, меѓутоа одржуваме
добар континуитет
“ заклучи предводникот на Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×