Конте се помирува со реалноста: Невозможно е Тотнем да се пласира во Лигата на шампионите

by
1 минути читање

Тотнем синоќа на свој терен загуби од Вулвс, а претходно исто така пред своите гледачи беше поразен од Саутемптон, серијата загубени мечеви им започна од дуелот со Челси, но тоа беше на Стемфорд Бриџ.

На Конте му станува јасно дека Тотнем нема капацитет за пласман во Лигата на шампионите.

„Кога ќе загубите два натпревари дома и против Челси, незможно е да се квалификувате во Лигата на шампионите“, вели Конте.

„Ние знаеме дека се бориме за да изградиме нешто важно, но важно е и да ја знаеме ситуацијата. Можеби така фановите нема да бидат разочарани со поразот, наместо тоа ќе бидат зад нас, ќе не бодрат“.

„Фудбалерите треба да ја најдат вистинската атмосфера и да не чувствуваат притисок за целта која во моментов е недостижна“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×