По победата над Каљари од 1-3, Антонио Конте изјави дека очекува составот да претрпи промени во
јануари.
„Доколку некои
играчи можат да заминат и да играат повеќе, тогаш мора да заминат. Потребно е
да имаме помал тим, но пофункционален“ – изјави тренерот на Интер.
Според пишувањата
на Газета дело Спорт, „нероаѕурите“ во зимскиот преоден рок ќе стават на продажба
пет фудбалери.
Први на отстрел
се Раџа Наинголан, Матијас Весино и Кристијан Ериксен. Ќе се бара нова средина
и за младиот Андреа Пинамонти, а доколку пристигне соодветна понуда, Интер ќе
се раздели и со Иван Перишиќ.
Доколку се
реализираат сите овие заминувања, Интер ќе се обиде да донесе барем две
засилувања, фудбалер од средниот ред и напаѓач.