Сопственикот на Интер, Жанг побарал од фудбалаерите да се откажат од две месечни плати за да му помогнат на тимот финансиски поради пандемијата на ковид-19.
Жанг и Конте наскоро треба да имаат состанок по кој ќе се знае иднината на стратегот.
Конте веќе ја откажа прес конференцијата во пресрет на мечот со Рома со цел да избегне прашања поврзани со неговата иднина.
Тој уште нема потврдено дали ќе остане во Интер, а со тоа шпекулациите за негово заминување се зголемуваат.
„Кориере дело Спорт“ пшува дека доколку биде скратен буџетот, Антонио Конте ќе замине од Интер, а него би можеле да го следат уште неколку големи ѕвезди во тимот.
Весникот тврди дека дури и директорите Џузепе Марота и Пјеро Аусилио би можеле да заминат од клубот.
Очигледно е дека доколку сакаат да го задржат шампионскиот Интер, сопствениците на клубот ќе мора да најдат нови инвестиции, во спротивно ризикуваат во следната сезона тимот да биде далеку од сегашното ниво.