Интер синоќа сам
одличуваше за сопствената иднина во Лигата на шампиони, со победа на Шахтар,
„нероаѕурите“ ќе го продолжеа настапот во најелитното европско натпреварување,
но избраниците на Антонио Конте никако не успеваа да го најдат патод до мрежата
на противникот, одиграа 0-0 и беа елиминирани.
По крајот на
натпреварот, Антонио Конте разговараше со Скај Спорт и во еден момент
дискусијата стана жестока.
Презентерката Ана
Било му посочи дека Интер осовоил само шест бода од шест меча во Лигата на
шампиони, доживеал целосна елиминација, па го запраша каков е проблемот со
настапите во Европа.
„Нема проблем.
Шахтар кога играше против нас го промени стилот и формацијата кој е светост за
нив. Постојано се случува ова со нашите противници. Нема никаков проблем“ –
рече Конте.
Ана Било потоа го
пресече и го потсети дека пред само неколку месеци Интер со 5-0 триумфирал
против Шахтар во Лига Европа, а тренерот на Интер ги загуби нервите: „Ја
променија тактикат. Размисли пред да поставиш прашање“.
Потоа во
дискусијата се замеша Фабио Капело, кој беше гостин во студиото на Скај Спорт.
Тој праша дали Интер има плна Б за кога работите не одат според зацртаното, со оглед на тоа дека Шахтар го променил пристапот.
„Секако дека
имале план Б“ – одговори Конте.
Капело на ова
реагираше: „Не го видов“, а тренерот на Интер продолжи: „Секако дека имаме план
Б, но не можам да говорам за него овде, доколку кажам кој ни е планот Б тоа ќе
биде катастрофално, противниците ќе го неутрализираат“.
По крајот на
интервјуто, Капело рече: „Денеска беше невозможно да се разговара со Конте. Мора
да разбере дека не можеме да дискутираме само кога на Интер му оди добро. Интер
доживеа голема економска штета вечерва, нема да играат ниту во Лига Европа. Штетата
е огромна, дури и за спонзорите“.
Алесандро Костакурта,
кој исто така беше гостин во студиото, се надоврза: „Многу сум разочаран од мојот
пријател Конте. Жалам што не покажа почитување кон нас. Не ми се допадна ова
што го стори вечерва, разочаран сум од неговото однесување“.