180
Новиот тренер на
Тотнем, Антонио Конте ќе добие 2 милиони евра како бонус од Интер поради една
клаузула во договорот со италијанскиот прволигаш.
„Кориере дела
Сера“ пишува дека Конте ќе го добие наведениот бонус поради фактот што не
потпишал договор со италијански клуб пред 2022 година.
Истиот медиум
додава дека во случај Конте да потпишеше со друг италијански клуб, или да
останел без ангажман до 31 декември годинава, бонусот немало да го добие.
Во Италија наведуваат
дека сево ова било договорено со сопственикот на Интер, Стивен Жанг, пред тој
да одлучи да се повлече од клупата на „Нероаѕурите“, само неколку денови откако
ја освои титулата во Серија А во мај лани.