Дејан Кулушевски
во јануарскиот преоден рок се приклучи на редовите на Тотнем и го засили
составот на Антонио Конте, кој не крие дека го посакувал крилниот напаѓач уште
во периодот кога бил во Интер.
Сепак, како што
вели Конте, поранешниот спортски директор на Јувентус, актуелен на Тотнем,
Фабио Паратичи едноставно сакал да му наштети со тоа што го ангажирал
Кулушевски во составот на „Старата дама“.
„Го барав
Кулушевски во периодот кога бев во Интер, отворено му наведов на Паратичи за
тоа, но тој сакаше да ме исфрли од таа игра, тој не сакаше да го засили
Јувентус, претпоставувам ме разбирате, едноставно сакаше да ми наштети“ рече
Конте.
„Паратичи истото
се обиде да го стори и со Лукаку, посакуваше да го ангажира во Јувентус поради
тоа што добро знаеше дека јас го посакувам во мојот тим, истото беше и со
Кулушевски“ додаде Италијанецот.
Кулушевски самиот
наведе дека го одбил Интер поради тактичкиот систем на игра кој го негува
Конте, како и да е, минатиот месец веројатно се предомисли по тоа прашање, па
одлучи да му се приклучи на Италијанецот во составот на „Спарси“.