Конте: Ова е сериозна ситуација, уплашени сме бидејќи не знаеме што ќе се случи утре

by
1 минути читање

Тотнем се
справува со тешка криза во тимот која произлезе со 13 заразени со ковид-19, од
кои осум се фудбалери, а петмина се дел од стручниот штаб, а во текот на
вчерашниот ден следеше и ре-тестирање, од кое произлегоа уште двајца заразени
кои денеска присуствувале на тренингот, а за резултатот дознаеле веднаш по
истиот, за што особено е загрижен тренерот Антонио Конте.

Проблемот е што
секој ден добиваме заразени со ковид, тие што вчера не беа позитивни, денес се
позитивни, а ние продолжуваме со контактите со луѓето кои мислиме дека се
негативни, но од ден во ден нови позитивни случаи, сметам дека ова е веќе
сериозен проблем
“ рече Конте.

Денеска имаме
еден фудбалер и еден член на стручниот штаб, ова воопшто не е добра ситуација,
оваа ситуација е доста сериозна, чудно е што јас сакам да зборувам за фудбал, а
сега зборувам за ковид, тоа не е добро ниту за вас, за мене, за нашите
навивачи, за фудбалот во генерална основа
“ додаде Италијанецот.

Секој ден сме во
контакт со луѓе кои што се лажно негативни, а потоа стануваат позитивни, а
потоа сите се уплашени бидејќи имаме семејства, а зошто јас би требало да го
преземам овој ризик? Зошто? Тоа е моето прашање, постојат некои работи кои многу
ме вознемируваат, а сето тоа поради фактот што ова е толку сериозно, а постои
голема инфекција, а сега сме уплашени бидејќи утре не знаеме што ќе се случи

заклучи Конте.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×