Интер не успеа да ја анулира негативата од првиот натпревар со Наполи иако одлично го почна вчерашниот меч откако поведе уште во втората минута со гол на Ериксен.
Тимот на Конте особено во второто полувреме доминираше на теренот, но Оспина со неколку одлични интервенции не дозволи по втор пат да се затресе неговата мрежа.
„Според прикажаното во двата меча мислам дека заслуживме пласман во финале. Имам многу малку да им замерам на моите момци за тоа што го покажаа вечерва, бидејќи ова е агресивниот фудбал кој сакам да го гледам, доминиравме на теренот“, вели Конте.
„Креиравме повеќе шанси, можеби можевме да бидеме попрецизни, но Давид Осипина имаше неколку фантастични интервенции и тоа беше одлучувачко“.
„Задоволен сум и од тоа што Ериксен се прилагодува подобро, имавме можност да работиме со него и физички и тактички, тоа се виде вечерва. Тој играше зад напаѓачите во формација 3-4-1-2. Требаше да внимава на Диего Деме кога ја нема топката. Претрча 10-12км, задоволен сум од неговата игра. Доколку не беше таа одбрана на Оспина, ќе дадеше два гола“.
„Ова е Интер кој сакам да го гледам, бевме агресивни, не му дозволивме на Наполи да игра, нив ги спаси голманот. Ова се фактите. Имавме 60 проценти посед, далеку повеќе шутеви на голот. Наполи оди во финале, им симнуваме капа, но јас ги анализирам и перформансите, не само резултатот. Среќен сум со тоа што го видов од мојот тим и мислам дека заслуживме да одиме во финале“.